Connect with us

Фудбал

По Варди, и Кејхил се повлече од англиската репрезентација

Фудбалерот на Челзи, Гери Кејхил, соопшти дека се повлекува од англиската репрезентација за целосно да се посвети на клупската кариера.

По доаѓањето на Маурицио Сари во Челзи, тој не успеа да се наметне во првиот тим на новиот тренер и затоа одлучил да ja напушти националната селекција.

Пред селекторот Герет Саутгејт да го соопшти тимот за натпреварите во Лигата на нациите, 32-годишниот Кејхил го информирал да не смета на него.

Претходно, британските медиуми соопштија дека и Џејми Варди се повлекува од англиската репрезентација.