Connect with us

Фудбал

По завршувањето на кариерата на Роналдо, стадионот на Спортинг ќе го носи неговото име

Спортинг би можел да го именува стадионот „Кристијано Роналдо“ по неговото пензионирање од фудбалот. Sвездата на Јувентус  започна од академијата на Спортинг и тука ги направи своите први чекори кон врвот на светот. За Спортинг играше во сезоната 2002-03, а потоа го купи Манчестер Јунајтед.

“Постои теорија која може да го промени името на стадионот и да се вика Роналдо. Ние би биле горди. Кристијано е и секогаш бил еден од најголемите симболи во историјата на нашиот клуб. Кристијано е најдобриот португалски играч од сите. Ние неговите фотографии ги имаме на секаде на ѕидовите на Академијата за да му помогнеме на помладата генерација да остане фокусирана, да работи страсно и да расте со дисциплина“.