Connect with us

Фудбал

Победа ја совлада Струга и се пласираше во осминафиналето од Купот

Победа ја совлада екипата на Струга Трим Љум со 1:2 и се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија.

Победа поведе во 22-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Јорданчо Наумоски, но во втоиот дел домаќините израмнија во 47-та минута со голот на Валентин Кочоски.

Гостите од Прилеп до победата стигнаа со голот на Чиназорм Набуезе во 75-та минута.

Последниот натпревар од оваа фаза се игра на петти септември помеѓу Кожув и Шкендија, a дуелот беше одложен поради обврските на актуелниот шампион во европските купови.