Connect with us

Други спортови

Победа на Новак за останување на првото место!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Мадрид, откако во два сета го совлада Гаел Монфис со 6:3, 6:2.

Србинот до 18. триумф против Французинот во исто толку натпревари дојде по час и 27 минути игра. Воедно, ова е нов рекорд кога се во прашање последователните триумфи на АТП турнејата.

Ѓоковиќ со пласманот во третото коло обезбеди пласман на првото место следниот понеделник, кога на позицијата број еден ќе ја започне 369. недела.

Новак во четврток ќе се сретне со подобриот од дуелот Денис Шаповалов – Енди Мари, кој е на програмата подоцна денеска.

Во првиот сет Монфис не искористи три брејк топки во два различни гејма, а кога играш против првиот играч на светот казната тешко може да се избегне.

Во шестиот гем Србинот стигна до единствената брејк шанса во првиот сет и ја искористи за 4:2. Ѓоковиќ имаше мали проблеми во следниот гем, но ги надмина тешките моменти и го освои првиот сет по 47 минути.

Како што минуваше времето, Ноле беше се посамоуверен, а Монфис очекувано понервозен и нетрпелив. Еполог на се – брејк на Ѓоковиќ без загубен бод во третиот гем за 2:1.

Првиот тенисер во светот уште еднаш во седмиот гем му го одзеде сервисот на противникот и дефинитивно го прекина мечот.

Победа денеска оствари и Миомир Кечмановиќ, кој во среда ќе игра против Рафаел Надал, додека Душан Лајовиќ ќе се сретне со Каспре Рудо.