Connect with us

Други спортови

Победи на првата трка, а има само 15 години

Петнаесетгодишниот Џан Онџу е нова ѕвезда во светот на мотоциклизмот. Тој со само 15 години и 115 дена стана најмладиот победник на Гран при трка.

Онџу со Ред Бул КТМ триумфираше на трката за Големата награда на Валенсија во Мото3 категоријата. Но, уште поинтересно е тоа што ова младо момче го имаше својот деби настап во Мото шампионатот на трката во Валенсија.

  • Неверојатно чувство! Не знам што се случува. Многу сум среќен, изјави Џан по трката за Големата награда на Шпанија.

Турчинот до победата во своето деби, откако доби покана за настап од страна на организаторите, дојде благодарејќи на бројните паѓања на влажната патека. Со тоа Ончу направи голем подвиг во Шпанија, додека Јапонецот Нобура Уеда од 1991 година беше последниот возач кој успеал да слави во својата дебитанстка трка.

Инаку, претходен најмлад рекордер беше Скот Рединг, кој со 15 години и 170 дена триумфираше исто така во Мото 3 шампионатот во 2008 година.

Шпанецот Жорге Мартин од тимот на Хонда, кој веќе ја осигура титулата во оваа класа, го завзема второто место, додека трет заврши Британецот Џон Мекфи од КТМ.

Што се однесува до Мото ГП класата, победник на трката за Големата награда на Валенсија е Андреа Довициозо. Исто како и во останатите класи, така и во оваа, дождот водеше главна улога на патеката. Поради излетување од патеката трката не ја заврши старо – новиот шампион, Марк Маркез, како и Маверик Вињалес.

Ова беше последна трка во Мото шампионатот, а наредната сезона стартува на 10 март со Големата награда на Катар.