Connect with us

Фудбал

Побогата понуда за Кулибали

Иако пред неколку дена добија негативен одговор, раководните лица на Манчестер Јунајтед не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калиду Кулибали.

Челниците на “црвените ѓаволи” пред неколку дена понудија 105 мил. евра за обештетувањето на централниот дефанзивец, но таквата понуда експресно беше одбиена од сопственикот на “азурите”, Аурелио де Лауренти. Во следните неколку дена Јунајтед ќе испрати нова официјална понуда која нема да биде помала од 120 мил. евра.