Connect with us

Фудбал

Почина фудбалерот кој за една година со Ливерпул освои тројна круна

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Манчестер Сити, Престон Норт Енд, Квинс Парк Ренџерс и Осасуна, Мајкл Робинсон почина на 61-годишна возраст, јавуваат англиските медиуми.

Робинстон за Ливерпул играше една година, но таа година беше дел од тимот кој освои тројна круна во сезоната 1983/84. „Црвените“ таа година го освоија првенството, Лига Купот и Купот на европските шампиони. За репрезентацијата на Ирска одигра 24 мечеви.