Connect with us

Тајмаут

Почина легендарниот кревач на тегови Наим Сулејманоглу

Легендарниот турски кревач на тегови Наим Сулејманоглу почина денеска во Истанбул, откако во болницата „Мемориал“ му беше извршена трансплантација на црниот дроб.

Сулејманоглу е роден на 23 јануари 1967 година.

Тој беше светски првак седум пати, европски првак шест пати, а различни светски рекорди имаше поставено дури 46 пати.