Connect with us

Други спортови

Почина најдобриот Ф1 возач, кој никогаш не освоил титула

Поранешниот британски возач на Формула 1, Стерлинг Мос почина на 91.годишна возраст. Британските медиуми јавуваат дека тој починал по долготрајна борба против болести на респираторниот тракт.

Мос во кариерата возеше на 529 трки, остварил неверојатни 212 победи, но во својата кариера никогаш не бил првак на светот. Во Мотоспортот ќе остане запаметен како најдобриот возач кој не успеал да стане шампион.