Connect with us

Фудбал

Погба го послуша неговото срце и избра нов клуб, клучна средба во понеделник

По смртта на Мино Раиола, адвокатот Рафаел Пименто, кој долги години работеше со покојниот менаџер, почна да се грижи за кариерата на Пол Погба.

Животот продолжува и играчите во чие име преговараше Раиола веќе бараат нови клубови и подготвуваат трансфери. Некои дури завршија како Ерлинг Халанд кој се пресели во Манчестер Сити.

Следен кој го заврши трансферот очигледно е Пол Погба, кој го напушта Манчестер Јунајтед по шест години како слободен играч.

Во саботата вечерта големата вест за следниот клуб на Погба ја објави Џанлука Ди Марцио, според кој францускиот играч за врска треба да се врати во Јувентус.

А во недела наутро главните спортски весници на Апенините на насловните страници ја пренесуваат приказната како Јувентус се подготвува да го ангажира Погба.

Погба на маса ја има и понудата на ПСЖ, која е далеку подобра од онаа на Јувентус, но торинскиот клуб верува дека светскиот шампион со триколорите го послушал неговото срце и ќе се врати кај „бјанконерите“.

Клучниот ден би можел да биде понеделник, кога во Торино ќе се одржи средба меѓу претставниците на Јувентус и 29-годишниот репрезентативец на Франција.

Погба својот најдобар фудбал го играше во Јувентус, каде исто така доживеа светска слава, а со одличните игри го принуди Јунајтед да му плати 100 милиони евра, додека на Олд Трафорд периодично ја покажуваше формата од Торино.

Евентуалното доаѓање на Погба во Јувентус би било огромно засилување за средниот ред на „бјанконерите“, кој со години е најслабиот дел од тимот.