SportM
Кошарка

Погледнете како Јокиќ го „испрати по бурек“ Стеф Кари во клучен момент од мечот (ВИДЕО)

Редакција4 дек 2024
Погледнете како Јокиќ го „испрати по бурек“ Стеф Кари во клучен момент од мечот (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Потегот на вечерта во НБА лигата го направи најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ кој на мечот меѓу Денвер и Голден Стејт го „испрати по бурек“  Стеф Кари.

Кошаркарите на Денвер синоќа го совладаа Голден Стејт со резултат 119:115, а во возбудливиот финиш на натпреварот Јокиќ си поигра со Кари. Денвер имаше негатива од 115:113 на минута и пол до крајот на мечот, Јокиќ ја префрли топката на противничката половина, а кога виде дека Кари почна да игра одбрана на него, српскиот кошаркар виде можност да постигне поен.

Тој се загради, а потоа фингираше додавање, на кое Кари „падна“ и целосно го загуби од вид . Тоа го искористи Јокиќ и шутираше непречено и погоди за израмнување на 115:115.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.