Connect with us

Фудбал

Покер од Роналдо за Жирона, само уште Леганес не примил гол од Португалецот

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо синоќа за првпат постигна гол против Жирона и тоа не еднаш, туку четири пати ја затресе мрежата на противникот.

Реал победи со 6:3 на средбата одиграна во рамките на 29. Коло по кое единствена екипа против која играл Роналдо во шпанската Примера, а при тоа не постигнал гол останува Леганес.

Жирона стана 32. тим против кого Португалецот реализирал.

Воедно Роналдо синоќа го постигна јубилејниот 50 хет-трик во кариерата.