Connect with us

Фудбал

Покетино ја кажа цената за Роуз, Јунајтед или Јувентус е следната дестинација на Англискиот репрезентативец

Британскиот, Daily Mirror, објави дека менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, одлучил да му дозволи на англискиот интернационалец да го напушти клубот кога ќе се отвори трансфер периодот во јануари.

Според извештајот, поранешниот тренер на Саутемптон не го продава играчот за помалку од 50 милиони фунти среде гласини дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо веќе го смета за негов играч, како и владеечкиот шампион во Италија, Јувентус. Сепак, таа цена, заедно со високата плата на Роуз, не е достижна за Бјанконерите.