Connect with us

Фудбал

Покетино веќе не знае што зборува: „Тоа го кажав за сегашноста“

„Какви се шансите да останам во ПСЖ и следната сезона? Моментално шансите се 100 проценти да останам. Јас и Килијан Мбапе исто така“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино пред два дена на прашањето за неговата иднина во клубот.

Ова прилично ги израдува навивачите на францускиот шампион, кои веднаш помислија дека е постигнат договор со одличниот фудбалер и дека Мбапе наскоро ќе ја продолжи соработката со клубот.

Сепак, вчера реагираше тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, клуб кој сака да го доведе Мбапе во своите редови.

„Покетино рече дека Мбапе останува 100 проценти? Добро, но тренерите понекогаш лажат“, рече Анчелоти.

Аргентинскиот стручњак очигледно ја слушна изјавата на Карло Анчелоти, па реши да ги исправи кажаните зборови, па пред мечот со Стразбур (3:3) рече:

„Реков дека јас и Мбапе ќе останеме 100 отсто во клубот следната сезона? Не! Зборував за сегашноста“, истакна Покетино.

Покетино очигледно е под голем притисок во ПСЖ и веќе да не ни знае што зборува.