Connect with us

Фудбал

Покрај Керол, Челзи сакаат пред-договор и со играчот на Евертон

Покрај интересот на „Сините“ за Енди Керол, Челзи ќе се обиде да го донесе Рос Баркли од Евертон. Тој беше на чекор од Стемфорд Бриџ ова лето, но сè пропадна на последниот ден од преодниот рок. Оттогаш, тој е оттргнат од тимот на Евертон и нема ниту еден настап откако влезе во последната година од договорот и мораше да го потпише новиот во Евертон.

Баркли сега може да потпише пред-договор со Челзи за следната година, но тоа не му се исплаќа ниту него, ниту на Евертон. Челзи е подготвен да плати 17.000.000 евра во јануари оваа година како компензација, што не е лошоза некој што влезе во последните шест месеци од договорот. Младиот Баркли може да се врати во форма во Челзи, но исто така и до националниот тим на Англија пред Мундијалот во Русија.