Connect with us

Фудбал

Покрај снежното невреме, сепак се игра, Ливерпул и Јунајтед е дербито на денот!

Денеска со почеток од 17:30 часот ќе се одигра големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, конечна одлука на челниците на англискиот фудбал.

Средбата од 20. коло од англиската Премиер лига на „Енфилд“ беше под знак прашалник поради големото невреме во северниот дел на Англија со обилни врнежи од снег.

Имено, снегот го окова Ливерпул, но улиците и самиот тревник на стадионот беа навреме расчистени, а навивачите можат да дојдат до стадионот, што беше главен услов за одигрување на натпреварот. Така, Ливерпул, кој на оваа средба влегува од лидерската позиција, ќе остане на само еден одложен натпревар оваа сезона.