Connect with us

Кошарка

Пол Џорџ успешно го оперираше коленото

 Кошаркарот на Оклахома, Пол Џорџ, успешно го оперираше левото колено, соопштија од клубот.

Се очекува Џорџ да биде отсутен шест до осум седмици, пред да се врати на стандардните вонсезонски обврски.

Операцијата била направена во Лос Анџелес.

Претходната сезона Џорџ пропушти три натпревари поради проблемите со коленото, но и поради некои помали повреди.

Од први јули тој ќе биде слободен играч и едно од најбараните имиња.