Connect with us

Фудбал

Пол Погба го избра следниот клуб, поради него го стави во мирување ПСЖ

Пол Погба по шест години ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната.

Погба си заминува од „Олд Трафорд“ како слободен играч, бидејќи не е договорено продолжување на соработката, а тешко дека тоа ќе се случи во следните неколку недели.

Французинот веќе одлучи каде ќе игра. Тој го избра клубот во кој го играше својот најдобар фудбал – торинскиот Јувентус.

Јувентус не може финансиски да се натпреварува со некои други клубови, но одличниот играч за врска реши да ја почека Старата дама.

„Tuttosport“ пишува дека ПСЖ му понудил големи пари на Погба, но францускиот репрезентативец решил да ги стави парижаните во мирување бидејќи сака да замине во Јувентус.

Погба неодамна зборуваше за „L’Equipe“ за своите проблеми во Манчестер Јунајтед, па така најави раскинување со Црвените Ѓаволи.

„Играм за Франција и ја знам мојата позиција. Ја чувствувам довербата на тренерите и соиграчите. Во Манчестер е поинаку бидејќи е тешко кога често се менуваат позициите, системот на игра или соиграчите“.

„Се согласувам со тренерот, и се прашувам дали ја имам вистинската позиција во Манчестер Јунајтед. Го поставувам тоа прашање и немам одговор“.

Тој призна дека во последните сезони не се задоволувал со ништо, а за сите проблеми го обвини Жозе Мурињо, со кого почнале проблемите.

„Морам да бидам искрен. Не сум задоволен од последните пет сезони, но воопшто не. Нема да освоиме ништо ниту оваа сезона. Или во Манчестер Јунајтед или во друг клуб, сакам да освојувам трофеи“.

„За мене лично, тешкотиите започнаа кога тренер беше Жозе Мурињо. Си поставувате прашања, се прашувате дали сте виновни бидејќи никогаш во животот не сте доживеале такви моменти“, изјави Погба.

Французинот играше за Јувентус од 2012 до 2016 година. Во Торино пристигна бесплатно, а „бјанконерите“ го продадоа на Јунајтед за 105 милиони евра.