Connect with us

Фудбал

Пол Погба подготвен да го шокира фудбалскиот свет!

Пол Погба е на пат кон шокантен трансфер, пренесува Daily Mail. Договорот на Погби со Манчестер Јунајтед истекува на 30 јуни и речиси сигурно е дека тој нема да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“ и дека во новата сезона ќе игра во различен дрес.

Дејли Мејл пренесува дека Погба е подготвен да потпише за верувале или не, Манчестер Сити што дефинитивно би бил шокантен трансфер.

Пеп Гвардиола сака засилување во средниот ред откако веќе е познато дека Фернандињо ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.

ПСЖ и Јувентус се двата преостанати клуба кои со големо задоволство би довeле 29-годишниот француски играч за врска кој наскоро ќе донесе одлука.

Преселбата во Сити сигурно ќе предизвика земјотрес во фудбалскиот свет исто како што беше пред десет или повеќе години кога Карлос Тевез се пресели од Јунајтед во Сити.

Граѓаните секако ќе треба да побрзаат да го доведат Погба, бидејќи другите клубови нема да седат со скрстени раце пред се Јувентус кој исто така очајно сака засилување во средниот ред.

Погба зад себе има сезона за заборав одбележана со бројни повреди. Поради повредата го пропушти финишот на сезоната. Само еден постигнат гол и само 27 настапи.

Пред неколку недели изјави дека сака да оди во клуб кој се бори и освојува трофеи кои Јунајтед во моментов не може да му ги понуди.

Реклама

Facebook