Connect with us

Фудбал

Политиката ја уништува репрезентацијата на Украина: Прва жртва е легендарниот Андриј Шевченко

Андриј Шевченко повеќе не е селектор на украинската фудбалска репрезентација.

Легендарниот фудбалер по пет години ја заврши соработката со Фудбалскиот сојуз на Украина и вчера се прости од репрезентацијата.

„Поминав пет години во националниот тим. Со напорна работа покажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Ви благодарам на сите за поддршката и критиката, покажавме дека можеме да бидеме конкурентни“, рече Шевченко.

Сепак, се чини дека Шевченко не поднесе доброволна оставка од функцијата тренер. Украинскиот новинар Артем Франков открива како легендарниот фудбалер бил под голем политички притисок.

„Тој беше под голем притисок од првиот човек на Алијансата, Андреј Павелко. Тој се обидува со сите сили да се врати во политичкиот живот на Украина. Ја следи линијата на патриотизам и национализам“, рече Франков, додавајќи :

„Андриј често зборуваше руски и на некои не им се допадна. И јас сум украински патриот, знам украински, но зборувам руски што е мојот мајчин јазик. Алијансата потоа создаде хаос меѓу играчите. Политичарите се вмешаа и ситуацијата беше многу тешка. Андриј како еден светски човек не е навикнат на тоа“.

Новиот селектор на Украина треба да стане поранешен соиграч на Шевченко од Динамо Серхиј Ребров, но се уште нема официјална најава дали овој стручњак ја прифатил работата.