Connect with us

Фудбал

Полјаците го бојкотираат бараж мечот за СП? Претпоставувам дека причините се јасни на сите

Репрезентацијата на Полска треба да ги одмери силите со Русија во полуфиналето од квалификациите за Светското првенство во Катар на 24 март.

Полјаците за ривал во баражот ќе ја имаат Русија, па на 24 март треба да ја посетат Москва, но полските медиуми говорат за можен бојкот поради политичките случувања и се она што се случува во руско-украинската реалност.

Поранешниот претседател на полскиот фудбалски сојуз Михал Листкиевич вели дека „не треба да се правиме дека ништо не се случува“.

„Мислам дека натпреварот нема да се одигра во таква ситуација во Русија и ФИФА веројатно би решила да се игра на неутрален терен“, рече Листкиевич на прашањето што ќе се случи доколку Русија ја нападне Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повлече потегот што ја прави сè поверојатна војната во Украина. На крајот од телевизиското обраќање до јавноста, Путин театрално го потпиша признавањето на независноста на сепаратистичките држави во источна Украина, Доњецк и Луганск.

„Мислам дека Русија нема да биде исфрлена од Светското првенство поради тоа, бидејќи во историјата имало случаи Русија да го нападне Донбас и дел од Украина. И тогаш немаше санкции“, додаде Листкиевич.

И новинарот на „Kanał Sportowyja“, Кшиштоф Становски, смета дека полските фудбалери треба да го бојкотираат натпреварот во Москва.

„Лично, мислам дека не треба да одиме во Москва на 24 март. Но, тоа веројатно треба да биде дури и одлука од национално значење, која оди многу подалеку од надлежностите на полскиот фудбалски сојуз. Не можеме да играме фудбал а потоа да глумиме кловнови во циркус“, напиша тој.

Она што не е исклучено е ФИФА да одлучи натпреварот да се игра надвор од Русија.