Connect with us

Фудбал

Половина Европа го „брка“, а Борусија Дортмунд ќе заврши работа

Како што пишуваат германските медиуми можно е Борусија Дортмунд „пред нос“ да го украде суперталентот на Валенсија на големите европски гиганти. Феран Торес е во фокусот на Реал Мадрид, Ливерпул, Барселона, но германскиот тим како што пишува „Билд“ ќе направи конкретен чекор.

Торес во договорот со Валенсија има откупна клаузула од 100 милиони евра, но договорот му истекува за една година, па фудбалските гиганти играат на таа карта. Сепак, Борусија Дортмунд нема да чека толку, па со понуда од 40 милиони евра најверојатно ќе им го „грабне“ суперталентот.

Тимот од Дортмунд во изминатиот период прави одлична работа со млади фудбалери. Го купија Дембеле за 15 милиони евра од Рен, а го продадоа на Барселона за повеќе од 100 милиони. Го купија Санчо од Манчестер Сити за седум милиони, а сега ќе го продадат за најмалку 15 пати повисока сума. Го ангажираа Ерлинг Халанд за 25 милиони иако половина Европа го бараше. Најверојатно и него ќе го продадат за огромна сума на пари.

Дали тоа ќе им успее со Торес, останува да се види.