Connect with us

Фудбал

Помалиот Азар го напушта Челзи, кариерата ја продолжува во Серкл Бриж

Преодниот рок во многу европски фудбалски лиги влегува во самата завршница, а сега доаѓа вест за еден „звучен“ трансфер – Азар го напушта Челзи. Секако, не станува збор за Еден.

Иако презимето Азар привлекува големо внимание штом се појави во медиумите, овај пат не е некој сензационален трансфер затоа што во главна улога е помалиот брат на Азар – Килиан.

Така е, Килиан Азар го напушта Челзи во кој пристигна во 2017. година и заминува на позајмица во Серкл Бриж.

Овај 23-годишен крилен напаѓач беше член на резервната екипа на Челзи од 2017. година, но сега одлучи дека најдобро за него е да замине на едногодишна позајмица во белгискиот Серкл Бриж.

Инаку, Килиан Азар сениорската кариера ја започна во Вајт Старс, а после тоа играше за Зулте Варегем и за Ујпеш.