Connect with us

Фудбал

Поминува забраната за купување играчи на Ателтико, Симеоне започнува со купување од Ливерпул

Засилувањето на Ливерпул кое пристигна во текот на летниот преоден рок, по само четири месеци, можел да го напушти „Енфилд“ и да се пресели во Шпанија. Како што објави „Ел гол дигитал“, сериозен интерес за Салах покажува Атлетико Мадрид.

Салах во летниот преоден рок од Рома се пресели на „Енфилд“, а Ливерпул за неговите услуги издвои 40 милиони евра. Сезонава Салах има постигнато 12 гола на 16 одиграни натпревари во црвениот дрес.

Според истиот извор, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико, бил воодушевен од квалитетите на Салах поради што бил подготвен во јануарскиот преоден рок да издвои 55 милиони евра.