Connect with us

Фудбал

Попладнево прволигашки фудбал на терените низ Македонија

Во фудбалското првенство на Македонија, попладнево ќе се играат средбите од 13. коло во Првата лига.

Најнеизвесно се очекува да биде во Тетово каде лидерот на табелата Шкендија го пречекува составот на Работнички кој е во низа од три победи.

Второ пласираната екипа на Акандемија Пандев пред домашната публика ќе игра против прилепска Победа. Настап на домашен терен ќе има и шампионот Вардар кој резултатската криза од пет меча без победа ќе треба да ја прекина во дуелот против последно пласираниот Скопје.

На стадионот во скопската населба Чаир, кај Шкипи гостува Силекс, а во последниот меч Пелистер во Битола ќе игра против Ренова.

Табела: Шкендија 31 бодови, Академија Пандев 21 (-1 натпревар помалку), Вардар 20 (-2), Силекс 19, Ренова 17, Работнички 16 (-1), Шкупи 15, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 9.

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 13 часот и 30 минути.