Connect with us

Фудбал

Популарниот менаџер му бара нов клуб на незгодниот фудбалер, дали некој го сака?

Популарниот и еден од најдобрите фудбалски менаџери, Мино Рајола му бара нов клуб на Марио Балотели. Според италијанските медиуми, веќе е сигурно дека „Супер Марио“ следната сезона нема да биде дел од Бреша.

Напаѓачот познат по својот немирен темперамент и кој често влегува во конфликти, со соиграчи, тренери, навивачи, се поврзува со Васко де Гама и со турски Галатасарај. Останува да се види кој клуб ќе биде новата дестинација на Балотели.