Connect with us

Фудбал

Поради бизарни правила на УЕФА, мораа да патуваат 220 метри со автобус пред европски фудбалски меч

Фудбалерите на норвешки Бодо/Глимт беа принудени да одат на една од најкратките автобуски линии досега поради бизарни правила на УЕФА. Имено, правилата на УЕФА налагаат тимот во европските натпреварувања да мора заедно да пристигнува на стадионот со автобус, а тоа е поради носителот на ТВ правата. Така фудбалерите на норвешкиот клуб тргнаа во 17:05 часот со клупскиот автобус од станицата во Нордланд за минута подоцна да бидат пред стадионот Аспмира во Бодо.

„Тоа е вистинска комедија“, изјави новинарот Фреди Торесен.

Инаку, ова е вообичаена практика на фудбалерите на најдобриот норвешки клуб кога играат домашен натпревар во европските натпреварувања, а така беше и сега.

„На крајот на денот, станува збор за чувство на заедница и заедничко појавување на стадионот. Можеби изгледа досадно и бизарно, но можеме да уживаме заедно околу триесет секунди“, рече играчот на Бодо/Глимт, Виладс Нилсен, додека неговиот соиграч Јенс Петер Хауге додаде:

„Во ред е, ни рекоа дека мораме, па така не се обидуваме да го смениме. Го паркирам автомобилот пред автобусот, влегувам во него и се подготвувам за натпреварот, но малку е смешно“, додаде Хауге. .

Неколку фудбалери живеат во близина на стадионот и не смеат да дојдат на стадионот Аспмира на европските натпревари, мора да се соберат со автобус со други фудбалери. Ова е барање на УЕФА, која бара норвешкиот клуб да вози автобус цели 220 метри.