Фудбал
Поради експлицитната снимка, Павел Недвед и Јувентус на итен состанок (ВИДЕО)
Павел Недвед на неславен начин се појави на насловните страници на таблоидите.
На социјалните мрежи кружи клип со Недвед во главната улога, покрај три припаднички на понежниот пол.
Чехот очигледно беше расположен, присутните го снимија, а видеото заврши на социјалните мрежи.
Навивачите на Јувентус, кои вообичаено не го сакаат поради неговите бројни очајнички потези како директор на клубот, веруваат дека ова ќе биде последната капка. Многумина го прозиваат дека не е достоен за клубот што го претставува и ова веројатно нема да заврши само така.
Некои извори пишуваат дека управата ќе организира вонреден состанок поради вакво видео, бидејќи не е достојно за клубот што го претставува, таквото однесување на функционер и легенда на клубот.
Недвед беше во брак со Ивана од 1994 до 2019 година, со која има две деца.
Bongo cha bongo cha cha cha 💃🏼🕺🏼#pavel #nedved #drinkdrunk pt1 pic.twitter.com/mS4Gk6eZZ7
— stefano villani (@stefanovillani) August 28, 2022