Connect with us

Фудбал

Поради финансиски проблеми Барселона не може да го продолжи договорот на Педри

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона работи на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Педри.

Сепак, според „Мундо Депортиво“, Каталонците не можат да потпишат нов договор со 21-годишниот Шпанец поради финансиските проблеми на клубот.

Актуелниот договор на фудбалерот истекува во летото 2026 година.

Оваа сезона Педри постигна два гола на шест натпревари. Вкупно за Каталонците одигра 149 натпревари, постигнувајќи 22 гола и 13 асистенции.