Connect with us

Фудбал

Поради гранатирањето на Палестина, Јувентус и Атлетико го откажаа натпреварот

Во недела навечер во израелски Тел Авив требаше да се одигра пријателскиот натпревар помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, но тој беше одложен.

Конфликтот меѓу Палестина и Израел повторно ескалираше во последните часови и, според палестинските медиуми, во серија проектили истрелани од израелската армија загинаа осум лица.

Поради натамошно бомбардирање на Појасот Газа, натпреварот беше откажан, а требаше да биде генерална проба за двете екипи пред почетокот на новата сезона.

Претставниците на Јувентус сметаа дека градот не може да ја обезбеди безбедноста на играчите и решија да останат во земјата. Со слично мислење е и Атлетико Мадрид, чии играчи исто така не долетаа за Израел.

Набргу потоа Скај официјално објави дека натпреварот е откажан. Засега не се знае дали дуелот ќе биде преместен за друг термин или дефинитивно е откажан. Пронаоѓањето на нов датум може да биде проблем бидејќи и двата тима ја започнуваат лигата наскоро.

На 15 август, понеделник, од 20:45 часот, Јувентус игра против Сасуоло, додека Атлетико Мадрид истиот ден од 19:30 часот ќе игра против Хетафе.

Што се однесува до претсезонските натпревари, Јувентус играше против Реал Мадрид (0:2), Барселона (2:2) и ја победи Гвадалахара со 2:0. Атлетико ги победи Нумансија со 4:0, Манчестер Јунајтед 1:0 и Кадиз (4:1).

Двата тима имаат големи амбиции пред новата сезона, особено Јуве, кој се засили и сака да го врати скудетото, додека Атлетико ќе има пеколна борба со Барселона и Реал Мадрид за самиот врв на табелата.

Во текот на летото, старата дама донесе некои големи играчи како Бремер, Погба и Ди Марија, додека Кјелини, Бернардески, Демирал, Дибала и Де Лигт, кој беше продаден на Баерн за речиси 80 милиони евра, го напуштија клубот.

Атлетико не тргуваше премногу. Доведени беа само Самуел Лино, Борха Гарсес и Нахуел Молина, додека клубот го напуштија дел од играчите, а најзначајно е заминувањето на Луис Суарез, кому му истече договорот.