Connect with us

Фудбал

Поради коронавирус, најстариот селектор во светот заработи отказ!

Најстариот селектор на светот Оскар Табарез (73) по 14 години на функцијата шеф на стручниот штаб во репрезентацијата на Уругвај заработи отказ. Без разлика што во оваа јужноамериканска држава се уште нема сериозна криза со коронавирусот, сепак Фудбалскиот сојуз се одлучи на радикален потез.

-Сојузот одлучи да во оваа криза донесе серија тешки одлуки со цел да ја заштитиме иднината на оваа институција, се наведува во соопштението.

Освен Табарез, отказ добиле уште 400 вработени во Сојузот. Раскинати се сите надворешни договори, а на сила остануваат само неопходните.

Табарез најголемите успеси со Уругвај ги постигна на СП во 2010-та година кога избори пласман во полуфиналето, а една година подоцна ја освои Копа Америка.