Connect with us

Фудбал

Поради отказот на Бобан, Ибрахимовиќ се налутил, во јуни заминувам од Милан

Италијанските медиуми објавија дека Златан Ибрахимовиќ нема да остане во Милан по јуни. Тој со италијанскиот тим има договор за овие шест месеци. Имаше шпекулации дека ќе го продолжи договорот за уште една година, но сепак „Спортмедиасет“ пишува дека Ибра бил изреволтиран поради отказот кој му е врачен на еден од спортските директори Звонимир Бобан.

Токму Бобан и Малдини се главните „виновници“ поради кои Ибрахимовиќ се врати во Милано. Кога ќе помине фрката со коронавирусот, Швеѓанецот ќе има состанок со челните луѓе на тимот на кои ќе им каже дека заминува.