Connect with us

Фудбал

Поради санкциите против Абрамович, Челзи следната сезона ќе изгледа непрепознатливо

Вчера беше тежок ден за фудбалскиот клуб од Западен Лондон, Челзи, по санкциите против Роман Абрамович од страна на Обединетот Кралство.

Челзи загуби важни спонзори и не може да донесе нови играчи или да потпише договори со сегашните играчи. Покрај тоа, „сините“ не можат да продаваат билети за домашните натпревари и им се заканува целосен распад.

Сето ова се случува откако започна руската инвазија на Украина, а Роман донесе одлука да го продаде Челзи. Но, сега и неговата продажба ќе биде замрзната и следи апсолутен крах на Стемфорд Бриџ.

Доколку не дојде до големи и нагли промени, тимот на Челзи ќе претрпи големи промени следната сезона. Она што е сигурно е дека Антонио Рудигер, Цезар Аспиликуета и Андерс Кристијансен не можат да потпишат нови договори на лето и ќе го напуштат клубот.

За среќа на Челзи, има многу играчи на позајмица кои би можеле да се вратат. Дени Дринквотер и Тиему Бакајоко веројатно не, бидејќи на првиот истекува договорот, а вториот е на позајмица во Милан до летото 2023 година, но играчите како Конор Галагер, Били Гилмур и Арманд Броја треба да се вратат во Лондон.

Броја е во импресивна форма кај Саутемптон на позајмица оваа сезона, албанскиот напаѓач постигна шест гола во првенството, а „светците“ можеби ќе сакаат да го задржат уште една година или да потпишат трајно ако можат.

20-годишниот, сепак, не е единствениот напаѓач кој треба да се врати во Западен Лондон, Миши Батшуаји исто така планира да се врати, откако потпиша нов договор до 2023 година пред да му се приклучи на Бешикташ на позајмица за оваа сезона.

Челзи се откажа од борбата за титулата оваа сезона бидејќи Манчестер Сити и Ливерпул се недопирливи, но следната сезона, со оглед на санкциите за Абрамович и сите забрани кои следат, тешко дека можеме да очекуваме лондонски клуб на самиот врв на англискиот фудбал, иако вистината е дека сеуште таму има играчи како Лукаку, Хаверц и други ѕвезди кои имаат договори.

Се на се, Челзи ќе изгледа доста непрепознатливо, ќе има многу играчи кои беа отпишани, но ќе добијат шанса бидејќи клубот нема да може да купува нови играчи.