Connect with us

Фудбал

Поради синот на Лука Модриќ во просторијата „пукнаа“ од смеа: „Тато, тато, тато…“

По освојувањето на петтиот трофеј во Лигата на шампионите во кариерата, Лука Модриќ беше во центарот на вниманието.

Искусниот хрватски играч за врска му помогна на Реал да дојде до рекордниот 14-ти трофеј во најелитното клупско натпреварување, додека за самиот Модриќ тоа беше петта победа во Лигата на шампионите.

Тој, како и многу играчи на Реал, стана вистински херој по победата од 1-0 над Ливерпул во Париз во натпревар каде што „црвените“ беа многу подобри и поопасни.

Модриќ по натпреварот беше опседнат од новинарите од сите страни, особено со хрватските, кои се интересираа дали Лука ќе продолжи да ги брани боите на хрватската репрезентација.

По многубројните прашања, додека даваше интервју, неговиот син почна да му вика на Модриќ: „Тато, тато, тато“, извика момчето во медиумската сала, па играчот од средниот ред на Реал Мадрид за момент го прекина разговорот и му рече на синот: „Еве, доаѓам“. што предизвика смеа кај присутните во салата.

Неверојатно е дека во претходните десет години во финалето на Лигата на шампионите секогаш славеше екипа која во своите редови имаше барем еден играч од Хрватска.

Се започна во 2013 година кога Марио Манџукиќ со Баерн ја освои Лигата на шампионите, а покрај одличниот Модриќ, уште Иван Ракитиќ (Барселона), Матео Ковачиќ (Реал Мадрид, Челзи), Дејан Ловрен (Ливерпул) и Иван Перишиќ (Баерн). успеа..