Connect with us

Фудбал

Поради случувањата од натпреварот Реал – Сити на големо се размислува за уште една револуција во фудбалот

Англискиот судија Марк Клатенбург смета дека натпреварите треба да траат по 60 минути.

Фудбалот низ годините доживеа многу револуции, но дали подготвуваме уште една, можеби најголема? За нас фудбалските фанатици, кои сакаме да гледаме натпревари, понекогаш не се доволни 90 минути, а замислете само да се „скратиме“ на 60 минути?!

Токму оваа идеја ја изнесе Клатенбург, кој вели дека времето треба да се прекине кога ќе престане играта, како во кошарка или ракомет.

47-годишниот, кој водеше голем број на големи настани во својата кариера, вклучувајќи го финалето на Лигата на шампионите во 2016 година и финалето на ЕУРО 2016 година, верува дека ова е нешто за што треба добро да се размислува и треба да се воведе во догледна иднина.

Во својата редовна колумна за Дејли Мејл, Клатенбург споменува контроверзни ситуации на губење време на Бернабеу во вторникот вечерта за време на драматичната победа на Реал Мадрид над Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Многумина истакнаа дека требаше да има повеќе од три минути дополнително време, но најдобриот италијански судија Даниеле Орсато го досуди крајот на 10 секунди пред крајот.

Клатенбург верува дека постои начин да се запрат овие лудории кои трошат време.

„Мислам дека има решение за сето ова, а тоа се 60-минутните игри со запирање на часовникот“, а тоа е идеја што моментално ја разгледуваат Пјерлуиџи Колина, ФИФА и ИФАБ“, вели англискиот судија.

„Функционира во кошарката, а може да биде и во фудбалот. Часовникот ќе паузира кога топката ќе излезе од игра, на пример, или има повреда што предизвикува доцнење, или судијата ќе даде жолт картон, па се чека мечот да продолжи“.

„Значи, секој натпревар би траел исто време и би се ослободиле од оваа контроверзност“, тврди Клатенбург, кој рече дека во текот на оваа сезона во англиската Премиер лига, просечното време на топката во игра било 55 минути и три секунди.

„Најкратко беше Вест Хем против Брентфорд – 41 минута и 33 секунди – додека најдолго беше Манчестер Сити против Барнли – кога активно се играа 65 минути и 42 секунди“, објасни Клатенбург.

„Барем да гледаме квалитетен фудбалски натпревар на теренот“, заклучува Англичанецот.

Како што беше споменато во својата колумна, на оваа тема претходно разговараше и поранешниот славен и без сомнение најдобар судија Пјерлуиџи Колина, кој е дел од управниот одбор на Меѓународната фудбалска асоцијација, кој ги надгледува правилата во фудбалот.