Connect with us

Фудбал

Поранешен играч подготвен да му помогне на Челзи: „Ако треба ќе играм бесплатно“

Поранешниот фудбалер на Челзи, Јури Жирков изјави дека е подготвен да се врати во лондонскиот клуб и да игра бесплатно.

Челзи е во неволја поради санкциите кон Роман Абрамович и чека нов сопственик, но моментално е во незавидна ситуација.

Доколку биде потребно, поранешниот руски репрезентативец е подготвен да се врати и бесплатно да игра за Челзи. Секако, тоа повеќе фигуративно го мислеше со желба да покаже колку се грижи за поранешниот клуб и лондонските навивачи сигурно ќе го ценат тоа.

Ако треба, ќе се вратам во Челзи и ќе играм бесплатно“, изјави Жирков во интервјуто во Русија.

Жирков играше за Челзи од јули 2009 до август 2011 година и со „сините“ ги освои Премиерлигата, Купот и Суперкупот на Англија.

Моментално има 38 години и игра во Русија за Химки, а беше по Челзи во Анжи и Динамо Москва.