Connect with us

Кошарка

Поранешен соиграч на Гечевски: Ќе беше НБА играч, но му беше најубаво да запали цигарче и да ужива

Аљоша Митровиќ, 29-годишен кошаркар кој сменил „дузина“ тимови во својата кариера. Во 2012 учествуваше и на НБА драфт, ама не беше избран. Интересен е за медиумите поради големиот број клубови, но и земјите во кои што играл. Имаше една епизода и во Ирак, поточно во тим кој се вика Ал Хутит Ал Џауија.

Тој во неговото интервју за српските медуми се присети и на играњето во Македонија, поточно во Работнички, кога дел од овој тим беа Гечевски и Чековски. Во работнички играше во 2015-та.

-Големи мајстори на кошаркаа тука играа. Тука беше Тодор Гечевски, значи тоа е најголемиот мајстор на сите времиња. Тој да тренираше нешто во животот, ќе беше НБА играч. Ќе запали цигара и да „запали“ во Кавадарци, е тоа му беше најубаво. Беше тука и Чековски, исфрлувач, исто така добар играч. Секако и Миљан Павковиќ со кој беше милина да се игра бидејќи ја разбираше кошарката, вели Митровиќ.