Фудбал
Поранешен соиграч на Марадона: Тој не беше херој, хероите не грешат, но неговата смрт ме погоди
Легендарниот дефанзивец на Наполи и Јувентус, но и италијанската репрезентација Чиро Ферара му беше соиграч на Марадона во Наполи. Во разговорот со Бобо Виери, Адани, Касано и Вентола се присетуваа на нивната кариера и минатото. Секако неизбежна тема беше и Марадона.
-Сето ова ме погоди. Ова беа тешки моменти. Сите сме многу тажнипоради она што се случи, но верувам дека Марадона замина мирно. Пораснав со него, за него ме врзуваат незаборавни сеќавања. Тој ми беше пријател и секогаш го бранев, но плати за своите грешки, вели Чиро Ферара.
Тој воедно рече дека смртта на легендарниот Аргентинец го погодила многу.
-Се повлеков потполно. Не сакав да учествувам во позивите кои ги добив од целиот свет. Но, кога Бобо Виери ми се јави, морав да прифатам, почуствував потрба да да бидам помеѓу пријателите и да кажам за она што значеше Диего за мене, вели Ферара кој додава:
-Мрадона најмногу грешеше врз својата кожа. Секогаш зборуваше дека не сака да биде модел и се согласувам со тоа. Некој вели дека Марадона е херој, јас велам дека хероите се совршени и не прават грешки. Диего беше антијунак. Но, покрај слабостите свои, тој стана најдобар на сите времиња, изјави меѓудругото Чиро Ферара.