Connect with us

Тајмаут

Поранешна девојка на Унаи Емери: Мислев дека ќе ме ожени, а тој ме нарече бела вештерка и ме обвини за отказот

По серијата лоши резултати, раководството на Арсенал одлучи да му врачи отказ на шпанскиот стратег, 48-годишниот Унаи Емери. Но, тој вината за ова ја нашол во „своите редови“.

Саша Врајт, две години беше во врска со Емери, но тој токму неа ја обвинил за отказот во Арсенал и одлучил да ја остави еден месец откако бил отпуштен.

Оваа 35-годишна девојка сето ова го раскажала на англиските медиуми.

-Му верував. Верував дека ќе ме ожени и дека ќе имаме деца. Го сметав за џентлмен и семеен човек. Но, сфатив дека не е за сериозна врска, вели таа и продолжува:

-Ме обвини за отказот. Ми рече дека сум бела вештерка и дека носам лоша среќа, вели таа.

Емери епизодата на „Емирати“ ја заврши по една ипол година. Арсенал го предводеше на 78 мечеви и имаше учинок од 43 победи, 16 нерешени и 19 порази. Сега е без работа.