Connect with us

Фудбал

Поранешна ѕвезда на Арсенал, Сити и Реал Мадрид: Не донирав ниту евро, нема ни да донирам

Спортистите низ целиот свет во борбата против пандемијата со коронавирусот донираат одредена сума на пари, а некогаш се иницијатори за собирање и средства.

Сепак, не го прават сите тоа. Меѓу нив е една поранешна ѕвезда, екс играч на Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем и уште неколку европски клубови.

Емануел Адебајор вели дека досега не донирал ниту едно евро, ниту планира да стори такво нешто. Со ова одговори на оние кои го критикуваа.

-Ќе бидам многу јасен. Јас не донирам. Многу е просто. Работам тоа што сакам да го работам, јадам тоа што сакам да го јадам. На крајот секогаш ќе има луѓе кои ќе ме критикуваат, како и за ова што не сум дал донација. Како што стојат работите изгледа јас го донесов вирусот во Ломе (н.з главен град на Того, каде што потекнува Адебајор). Тоа беше несреќен случај, ама тоа е, порача иронично Адебајор.

Тој вели дека никаков притисок нема да го промени неговото мислење.

-Можете да ме споредвате со Дрогба, Ето, но јас не сум ниту Дрогба, ниту Ето. Јас сум Емануел Адебајор и секогаш ќе го правам она што јас сакам, вели тој.