Connect with us

Фудбал

Поранешни фудбалери го тужат Пелистер – Чкембарите кренаа раце и повеќе не го бодрат клубот

Фудбалот во Битола се чини како полека да изумира. Натпреварите се, се помалку посетени, трибините празни. Чкембарите кренаа раце и повеќе не доаѓаат на натпреварит да го бодрат Пелистер. Тие денеска испратија и соопштене во кое се вели:

Назначување на директори и фудбалски работници кој немаат никаква организациска способност и знаење за таа функција. Носењето на играчи по пријателска линија кој во втората и третата лига ја греаа клупата а во Пелистер се првотимци. Нивниот интерес само да добиваат државна плата без разлика дали водат прволигаш или второлигашки клуб го донесоа клубот до амбисот. За прв пат во историјата на Пелистер, младинските школи испаднаа од првата лига. Само пред неколку години школата на Пелистер важеше за една од најголемите расадници на фудбалски таленти а денес уништена како никогаш претходно.

Последните информации кои ги добивме говорат дека неколку поранешни фудбалери на Пелистер го тужат клубот поради не исплатени плати. Неофицијалните бројки говорат дека Пелистер е во долг поголем до 350.000 евра.