Connect with us

Фудбал

Поранешниот добитник на наградата „Златно момче“ е првото засилување во ерата на новиот сопственик на Челзи?

Челзи неодамна беше преземен од американски инвестициски фонд предводен од Тод Боели, кој на Русинот Роман Абрамович му плати над четири милијарди евра.

По ова, Челзи може да продолжи да функционира нормално, бидејќи претходниот сопственик беше под санкции поради руската инвазија на Украина.

Челзи штотуку се раздели со Антонио Рудигер, кој потпиша со Реал Мадрид како слободен играч, а „сините“ се исто така блиску до губење на Андреас Кристенсен, кој би можел да го облече дресот на Барселона како слободен играч.

Затоа е јасно дека новиот сопственик на Челзи ќе сака засилување во бековската линија, а се наведува дека сите овластувања за трансфери му ги дал на менаџерот на клубот Томас Тухел.

Стоперот на Јувентус, Матијс де Лигт е првата желба на Тухел и новиот сопственик. Холандскиот репрезентативец има уште две години договор со Јувентус, но не е исклучено клубот од Торино да го продаде доколку дојде адекватна понуда.

Јуве го плати преку 70 милиони евра, но клубот е подготвен да го продаде за 100 милиони. Така некогашниот добитник на наградата „Златно момче“, наградата за најдобар млад играч, би можел да отпатува во Англија.

Челзи по промената на сопственоста се поврзува со неколку играчи, а на мета е и Усман Дембеле од Барселона.

Во Лондон за Французинот подготвија договор за четири сезони, па останува да се види каков ќе биде неговиот конечен избор бидејќи уште го посакуваат ПСЖ и Баерн.