Connect with us

Фудбал

Поранешниот долгогодишен играч на Рома стана градоначалник

Поранешниот италијански репрезентативец и долгогодишен играч на Рома, Дамијано Томази стана градоначалник на Верона.

На изборите за градоначалник, тој го победи актуелниот претседател Федерико Сбоарину, адвокат кој ја извршува функцијата од 2017 година.

 

Томази претходно беше претседател на Италијанската фудбалска асоцијација. Кариерата ја започна во Верона, каде преку младинскиот погон стигна до првиот тим.

 

Тој остави најдлабока трага играјќи за Рома.

 

Беше член на римскиот клуб од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/2001, со Волчицата ја освои титулата државен првак.