Connect with us

Фудбал

Поранешниот романски репрезентативец предизвика бура на ЕУРО 2024: Договорено е нерешено, зошто да се ризикува?

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Романија, Данут Лупу привлече огромно внимание во јавноста со објавата дека неговата репрезентација се договорила да ги подели бодовите со Словачка во последното коло на Европското првенство.

Никогаш во историјата на европските првенства не се случило сите четири репрезентации во една група да имаат ист број бодови пред последното коло, а тоа носи специфична ситуација за селекциите на Словачка и Романија.

Веќе пишувавме дека тоа носи можност селекциите на Словачка и Романија да одиграат нерешено во меѓусебниот дуел и двете да одат во нокаут фазата. Од друга страна, во групата се и Белгија и Украина, кои својот меч го играат задутре во 18 часот во исто време и дека таму има „пожар“, според последните информации за наглиот пад на коефициенти во светските обложувалници.

Воедно, голема прашина крена поранешниот романски репрезентативец Данут Лупу, кој изјави дека селекциите веќе се договориле за реми, а тој ги води Словачка и Романија во осминафиналето на ЕП.

“Ќе се пласираме во осминафиналето. Нерешено со Словачка, се е договорено. Срамота би било да не поминат двете селекции. Зошто да ризикувате? На тоа ниво играчите многу добро се познаваат и добиваат добро тогаш зошто да ризикува некој несреќник да си оди дома“, рече Лупу за романските медиуми.

Сомнежите за регуларноста на натпреварот прилично растат, па благодарение на уплатите ширум светот, коефициентот падна од 3,50 на 1,90 во моментот на пишување на овој пост. Луѓето од различни делови на светот веруваат во мирна распределба на поени што би ги задоволила двете селекции, па плаќаат пари за да го погодат нејзиниот исход.

Така, одредени медиуми ширум светот пишуваат за сомнителен пад на коефициентот во светските обложувалници, што е епилог од големите уплати на распределбата на бодовите.