Connect with us

Ракомет

Пораз на Металург од Чеховски Медведи во меч од Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург не успеаја да ја продолжат позитивната низа во Лигата на шампионите. Тие се поразени од руската екипа Чеховски Медведи во меч од 6.коло на Д групата.

На Средата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски“, екипата на Металург загуби од Чеховски Медведи со 26-29 полувреме 12-17.

Избраниците на Александар Јовиќ лошо го започнаа мечот па веќе во 12 минута имаа негатива од четири гола (1-5). Ниту во продолжението Металург не успеа да направи конкретен резултатски приклучок, па на одморот гостите од Русија заминаа со предност од 17-12.

И во вториот дел иста слика на теренот. Металург се обидуваше, а Чеховски Медведи возвраќаше веднаш, па на крајот гостите заслужено се радуваа на првата победа и бодови во Лигата на шампионите, со конечен резултат 29-26.

Најефикасен во редовите на македонскиот вице-првак беше Божо Анџелиќ со пет гола, додека еден помалку постигнаа, Жарко Пешвски, Давор Палевски и Александар Гуглета.

Вчера во рамките од оваа група, победи пред својата публика остварија Мотор Запорожје над Бешикташ со 28-22 и Нант кој минимално со 33-32 го победи Спортинг.

На табелата лидер е францускиот Монпеље со 12 бодови, пред Мотор Запорожје кој има 8, а Бешикташ и Металург по 5 бода, додека на последните две позиции се Спортинг со 4 и Чеховски Медведи со 2 бода.

Во следното коло Металург повторно ќе игра на домашен терен и тоа против францускиот Монпелје во недела (19 ноември).

Powered by WPeMatico