Connect with us

Кошарка

Пораз на Пелистер од Блокотехна, актуелниот шампион МЗТ убедлив против Шкупи

Актуелниот шампион во домашното првенство МЗТ Скопје Аеродром го заоркужи тринаесеттото коло во Првата лига (мажи) со триумф над Шкупи. Шесткратниот првак на Република Македонија наталожи предност над клубот од Чаир уште во првата делница што се покажа како сосема доволна за поопуштена игра во преостанатиот дел од натпреварот. За аеродромци ова е трета победа во новата календарска година, за Шкупи втор пораз откако во минатото загуби од Пелистер. Во финишот „металците“ славеа над чаирчани со 99-62.

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО ПЛМ
Фени Индустри – Работнички 55-74
Кожув – Гостивар 77-76
Куманово – АВ Охрид 105-97
Струмица – Карпош Соколи 86-71
Пелистер – Блокотехна 67-74