Фудбал
Поразот на Базел го израдува Јирген Клоп
Фудбалерите на Базел синоќа беа елиминирани од Лигата на шампионите откако во реванш натпреварот од 2. прет коло беа поразени од ПАОК со високи 3:0 на домашен терен.
Со оглед на фактот дека во Грција беа поразени со 2:1, сезоната за Базел е уништена, а на тоа се радува Јирген Клоп, односно неговиот Ливерпул.
Имено, Ливерпул би можел да биде во вториот шешир кога ќе се извлекуваат групите за оваа сезона во Лигата на шампионите, но потребно им е да испадне уште и Бенфика.
Португалскиот претставник своето учество во оваа сезона од Лигата на шампионите ќе го земе од 3. прет коло, а Ливерпул се надева на оваа или на наредната препрека ќе се сопнат и нема да влезат во групната фаза. Во тој случај Ливерпул нема да биде во третиот, туку во вториот шешир, па во групната фаза би можел да добие нешто полесни противници.
Ливерпул минатата сезона стигна до финалето од ова натпреварување каде изгубиа од Реал Мадрид со 3:1.