Connect with us

Фудбал

Португалија за класа подобра од Турција, бизарен автогол (ВИДЕО)

Португалија премногу лесно, убедливо со 3:0 славеше против Турција за максимални шест бода од два меча, прво место во групата и пласман во 1/8 финалето. Силва во 21-та минута погоди за 1:0, а во 28-та Ајдакин постигна еден од најкомичните, помалку и бизарен автогол откако не се разбра со својот голман. Точка на мечот стави Фернандеш во 56-та минута по несебичното додавање на Кристијано Роналдо.