Connect with us

Фудбал

Последен ден за Венгер на клупата на Арсенал

Арсен Венгер, во денешниот натпревар со Барнли, последен пат ќе ги предводи „топчиите“ на домашните терен, пред своја публика.

Денеска со почеток во 17:30 часот, Арсенал Венгер ќе биде последен пат на Емирати како тренер на Арсенал. Легендарниот Французин го објави своето повлекување од клупата на крајот на оваа сезона по 22 години во клубот.

Арсенал денеска ќе се сретне со Барнли на Емирати. Да беше во прашање 15. коло ова ќе беше вообичаен натпревар и сигурна дека стадионот ќе беше полупразен. Можеби резултатски натпреварот е небитен, но денес е се освен обичен натпревар за навивачите на „топчиите“.

За тоа сведочи и фактот што картите се продадоа во рекордно време, а нивната цена достигна вредност од 1800 фунти.

Сепак, тоа е значително пониска цена во споредба со износот на парите што навивачите на Манчестер Јунајтед морале да одвојат за проштален натпревар на Сер Алекс Фергусон, кога цената на билетите на црниот пазар и се движеше до 3.000 фунти.

Венгер седна на клупата на Арсенал на 22 септември 1996 година, поточно пред 22 години Французинот е менаџер на „топчиите“, кој е еден вид рекорд во Премиер лигата. За тоа време, тој  три пати ја освои титулата во Англија, седум пати ја крена титулата на ФА Купот и седум пати ја освои титулата во суперкупот (Комјунити Шилд).

Официјалната веб-страница на Арсенал објави серија фотографии на својата страница, како и на сите социјални мрежи, сеќавајќи се на легендарниот менаџер. Венгер ги посетил празните Емирати во саботата вечер за да го доживее духот на својот дом во последните 22 години во потполна тишина.