Connect with us

Фудбал

Последна шанса за Марсело?!

Прекинот на првенството можеби е добредојдено за Марсело. Бразилецот во изминатите две сезони мака мачи со повреди и физичката подготвеност. Ниту по враќањето не успеа да се врати и да ја завземе левата страна во Реал Мадрид, каде беше неприкосновен во изминатите неколку сезони.

Неговиот договор со Реал Мадрид истекува во 2022-ра година. Зидан сака да го задржи, но ризикува со негов нов пад во формата. Со оглед на тоа дека Јувентус се интересира за него, се поставува прашањето дали е ова последна шанса за Марсело да се врати на старите патеки и да остане уште долго во Реал Мадрид, или ќе замине во нова средина.

На Бразилецот не му оди во прилог ниту идејата на „Кралевите“ кои сакаат да го подмладуваат тимот.